5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗа колку можете да го продадете вашиот Twitter профил?

За колку можете да го продадете вашиот Twitter профил?

vrednost tviter

Доколку на оваа популарна друштвена мрежа ве следат голем број на луѓе, бидете сигурни дека можете убаво да заработите од вашиот профил. Во продолжение дознајте и како е тоа возможно.

На интернет можат да се продаваат најразлични работи. Од различни половни предмети, па се до профили за „online“ игри (WoW, LoL…). Меѓутоа, дали знаевте дека можете да го продадете вашиот профил на друштвената мрежа „Twitter“? Да, добро прочитавте и тоа е можно.

Доколку на оваа мрежа ве следи голем број на луѓе, со самото тоа и цената на профилот е поголема. Доколку ви е здодевно од секојдневното „твитување“, со помош на интернет страната valuemytweets.com, многу бргу можете да добиете приближна цена по која можете да го продадете профилот изразена во долари.

Се што треба да направите да ја отворите оваа интернет страна, да го логирате вашиот профил и да почекате проценката да заврши. За жал, од „Twitter“ и не се многу воодушевени од идеата за продажба на профилот.

Но тие главно се продаваат на „црниот пазар“, така да непостои специјална страна која се занимава со оваа тема. Доколку компанијата открие за што се работи, многу лесно може да се случи да ви го банираат профилот.

Меѓутоа, разни компании кои се занимаваат со маркетинг, тие бараат профили кои имаат многу следбеници и кои се доста активни на оваа друштвена мрежа. Нормално причината за тоа е што така можат најдобро да ги пласираат своите реклами.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП