28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Хакнете“ го Тesla Мodel S и освојте 10.000 долари

„Хакнете“ го Тesla Мodel S и освојте 10.000 долари

tesla hak

Луксузниот електричен автомобил на калифорниската компанијата „Tesla Мotors“ внесе револуција во автомобилската индустрија со својот еколошки погон и иновативни технологии, меѓутоа, колку навистина е безбедно да се поседува модерен автомобил кој е изложен на напади на хакери. Токму на ова прашање ќе одговорат хакерите кои на претстојната „SyScan“ конференција во Пекинг ќе се обидат да го хакираат компјутерот на автомобилот „Тesla Мodel S“.

На конференцијата која се одржува во Пекинг од 16-ти до 17-ти јули ќе биде изложен „Тesla Мodel S“ и неколку компјутери кои заинтересираните хакери ќе можат да ги искористат за хакирање на компјутерот на електричниот автомобил за награда од 10.000 долари.

tesla hak1

Во минатото сопствениците на овој скапоцен автомобил успеваа да влезат во неговиот компјутер, но тоа не наиде на одобрување на калифорниската компанија, која во еден случај го предупредила сопственикот дека може да го оштети своето возило.

Во секој случај, компанијата на Елон Муск прилично сериозно ја сватила безбедноста на компјутерскиот систем во својот автомобил, па затоа во текот на неговата изработка го вработила поранешниот експерт за безбедност во „Apple“, Кристин Пагет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП