28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИСнимајте видео записи со помош на Bluetooth слушалки (видео)

Снимајте видео записи со помош на Bluetooth слушалки (видео)

slusalki video

Компанијата „Soundsight“ ги претстави „on-ear“ слушалките со чија помош можете да фотографирате, т.е. да снимате видео и аудио записи со голем квалитет.

Компанијата ги опишува како „Beats-meets-Instagram-meets-GoPro“ слушалки, односно како универзално решение со кое добивате можност за слична употреба како од горенаведените сервиси и уреди. Слушалките доаѓаат со ротирачка камера со резолуција од 5 MP и со вкупно шест микрофони, од кои четири служат за елиминирање на околната бучава.

Со цел да неморате да водите грижа за чистината на сензорот на камерата, таа се наоѓа во посебен ротирачки прстен кој штити од прашина и вода. Видео записите можат да бидат снимени во 1080p со квалитет од 30 fps, односно во 720p со квалитет од 60 fps, додека квалитетот на фотографии (normal и HDR) се добива од споменатите 5 MP. Снимањето, односно фотографирањето едноставно се стартува со притискање на копчето кое се наоѓа на самите слушалки.

Доколку вашиот смартфон го поврзете по пат на „Bluetooth“ со слушалките, тогаш постои можност за автоматско копирање на снимениот материјал од интерната меморија (16 GB) на слушалките на меморијата на вашиот смартфон. Капацитетот на вградената меморија е доволен за 30 минутен видео материјал со највисок квалитет. Слушалките имаат вградена батерија со капацитет од 800 mAh што е сосема доволно за 4 часа снимање, односно за 24 часа подготвеност.

Со слушалките доаѓа и посебна апликација за „iOS“ и „Android“ оперативните системи, а која служи за „Live streaming“, снимање и едитирање на аудио и видео записи, т.е. за креирање на плејлиста и преслушување на музичките датотеки. По пат на апликацијата можете снимените материјали да ги префрлите на „Soundsight“ од каде можете да ги споделите по пат на „Facebook“, „Instagram“, „YouTube“ и „Vimeо“. Во понудата е и посебна „Premium“ верзија на апликација со која можете за 4,99 долари годишно да добиете и посебно видео со филтри и кое можете да го користите при едитирање на видео записи.

Покрај се, споменатите слушалки можете да ги користите и за најобично преслушување на музички датотеки по пат на сите уреди кои поддржуваат „Bluetooth“ конекција. Слушалките моментално се достапни во ограничен број за 349,00 долари, додека во септември 2015-та година (за кога е планирано производството) истите ќе чинат 499,00 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП