„Mercedes“ ја заокружи понудата за моделот „S сlasѕ Coupe“ со најмоќната „AMG“ верзија со мотор кој произведува 630 ks.
Топ моделот стилски незначително се разликува од нешто послабиот „Mercedes S63 AMG Coupe“ кој имаше премиера во април.
Кај новиот „Mercerdes“ е променет дизајнот на задниот дифузор и алуминиумските бандажи, низ кои се гледаат злато-жолите сопирачки, а ознаката „V12 biturbo“ на предното крило ја открива природата на моторот кој се наоѓа под хаубата.
Станува збор за познатиот 6.0-литарски дванаесетцилиндарски „twin-turbo“ бензинец кој се користи во лимузинската верзија на новата „S сlasѕ“.
Моторот е во состојба да испорача 630 ks (463 kW) и 1.000 Nm максимален вртежен момент.
Тоа е доволно за „Mercedes S65 AMG Coupe“ oд 0 дo 100 km/h да забрза за 4.1 секунда пред да ја достигне максимално ограничената брзина од 250 km/h на моделот за европскиот пазар, односно 299 km/h колку што ќе развива американската верзија.
Моќта се пренесува на задните тркала со помош на „AMG SPEEDSHIFT PLUS 7G-TRONIC“ автоматскиот менувач.
Автомобилот е поставен на 20-инчни алуминиумски бандажи и гуми со димензии 255/40 R 20 (напред) и 285/35 R 20 (назад).
Со доплата може да се добијат и керамички сопирачки кои се полесни од стандардните за 20%.
Почетната цена на „Mercedes S65 AMG“ во Германија ќе изнесува 244.000 eвра, а продажбата започнува во септември.