Смартфоните на компанијата „Apple“ – „iPhone“ се меѓу најпопуларните паметни телефони во светот, а за тоа нема никаква дилема.
Во минатото имаше (не)успешни клонирања на смартфонот „iPhone“, а таа традиција очигледно ќе продолжи и со „iPhone 6“ моделот (или моделите).
Иако до претставувањето на следната генерација на смартфонот „iPhone“ сме оддалечени околу два месеци, веќе имаме функционални клонови на моделот „iPhone 6“.
За хардверските спецификации немаме никакви информации, но овој уред не би требало да се очекува во продажба надвор од Кина, барем не на официјален начин.