9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЗа 7.000 евра возилото само ќе ве вози (видео)

За 7.000 евра возилото само ќе ве вози (видео)

vozilo robot2

Многу големи производители на автомобили, но и „Google“, работат на технологијата за роботизирање на возила, предвидувајќи дека првиот таков автомобили ќе се појави на патиштата до 2020-та година. Сите нив би можела да ги изненади малата американска компанија „Cruise“ која најавува сопствен систем кој ќе биде достапен веќе до 2015-та година.

Технологијата за самоуправувачки возила најчесто се поврзува со големите компании кои се во можност да вложат голема сума на пари во развојно истражувачки проекти. Сепак, помалите и флексибилни компании се значително скромни со паричните средства, па понекогаш се во состојба да ги претекнат големите играчи.

Ново име во областа на системот на роботизирање на возилата е компанијата „Cruise“, која ангажираше инжинери по роботика од престижниот „MIT“. Тоа што оваа компанија за разлика од големите производители на автомобили, е можноста за вградување на нивниот систем во било кој постоечки модел на возило.

Нивниот систем „RP-1“ се уште е во фаза на прототип и овозможува делимично роботизирано возење.

Системот се состои од три основни подсистеми: сензори, камера и радар кои се поставени на покривот на автомобили, потоа за контрола на воланот, командите за гас и сопирачка и накрај на централната компјутерска единица која претставува мозок на целиот систем.

Авторите на „RP-1“ велат дека тој е замислен така што возачот може да го вклучи и исклучи по потреба за време на возењето, во одредени моменти кога сака или има потреба да ги препушти командите на автомобилот.

Основачот и извршниот директор на компанија, Кајл Вогт, несакаше да изнесе повеќе детали за овој проект, но во промотивното видео објасни дека основната идеа е да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се намали бројот на настраданите.

Во компанијата „Cruise“ очекуваат дека системот може да го понудат на пазарот веќе од 2015-та година по цена од 10.000 долари (околу 7.000 евра). Сепак, за оваа или слична технологија да може да се користи во возилата кои учествуваат во сообраќајот ќе биде потребно да се донесат соодветни закони.

Засега први такви чекори веќе се сторени во Калифорнија, која ги усвои прописите за регистрација на роботизирани автомобили, а цели сет на закони од оваа област ќе биде донесен во почетокот на 2015-та.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП