13 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Без сомневање ќе гледаме „класика“

СП 2014: Без сомневање ќе гледаме „класика“

finale mundijal

Аргентина и Германија досега шест пати се сретнуваа на Мундијалите, а втората половина на осумдесетите го одбележи ривалството на овие две репрезентации. Поради што ова финале ќе има многу сличности со претходните?

Германија е поуспешна од Аргентина, води со 3:1 во победи, на минатото првенство им одржаа лекција на „гаучосите“. Меѓутоа, сега ќе биде се поразлично, сигурно Аргентина тактички напредуваше, тоа го покажаа и во претходните средби, па поради тоа не очекува „класика“.

Аргентина само еднаш ги доби Германците на Мундијалите и тоа во 1986-та во финалето. Тогаш Германија успеа да го исклучи Марадона во текот на целиот натпревар, но тој ја реализираше одлучувачката асистенција до Буручаги за победа на „гаучосите“ од 3:2. Треба да се каже дека и тогаш, како и сега, играта на јужноамериканците зависи од само еден фудбалер, иако Меси има неспоредливо подобри соиграчи од Марадона во 1986-та.

Но сепак, за разлика од сегашното финале, Аргентина тогаш ја имаше улогата на фаворит на средбата, затоа што германскиот тим некако малку покажа на првенството.

Но, четири години подоцна, улогите беа променети и тоа првенство во голема мера потсетува на ова. Германија беше надмоќна, на патот кон завршницата го елиминираше европскиот првак Холандија.

Многумина велат дека финале пред финалето на тој Мундијал во Италија била пресметката меѓу Германија и никогаш подобрите Англичани, па тоа полуфинале беше решено на пенали, а „панцирите“ отидоа понатаму.

Аргентина тогаш се провлече и против Бразил, но и против Југославија и Италија, а во овие два последни дуели на пенали, а финалето го дочека десеткувана. Неколку играчи беа суспендирани, средбата ја завршија со деветмина, а Марадона во свој стил велеше дека ФИФА тогаш одлучила Германија да биде шампион.

За волја на вистината тоа финале е едно од најлошите во историјата, јужноамериканците се бранеа со бункер, скоро и да немаа шанса за гол, а победникот беше одлучен на пеналите.

Сега многу работи се поклопуваат, Аргентинците не блескаат, Германците се уверливи, но во финалето никогаш нема фаворит, на тоа на научи историјата.

„Неможете да го бирате противникот, тие едноставно беа такви, се обидоа да победат на неубав начин. Ги чекаа пеналите“, рече Бекенбауер кој тогаш беше селектор на Германија.

Нешто слично ќе гледаме и во ова финале, но каков точно ќе биде планот на Аргентина останува да видиме.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП