5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го откажа првиот Tizen смартфон на ден пред премиерата

Samsung го откажа првиот Tizen смартфон на ден пред премиерата

samsung-z-tizen222

Само еден ден пред него што требаше првиот „Tizen“ да биде преставен во Русија, моделот „Samsung“ Z, јужнокорејскиот гигант се предомисли и го откажа овој телефон.

Без да ги објават причините за ваквиот чекор, како и без наведување на новиот датум кога овој смартфон би можел да биде претставен, „Samsung“ ризикува корисниците да почнат да губат трпение кога е во прашање оваа мобилна платформа, поради тоа што и вакво сценарио е веќе видено.

„Samsung“ на почетокот на годината направи слична „Tizen“ најава и во Јапонија, за потоа да се повлечат во последен момент, наведувајќи ги лошите пазарни услови, како и неможноста да се направи брз раст кога е во прашање „Tizen“ платформата.

Можеме да претпоставиме дека и сега во Русија станува збор за истите причини, но останува прашањето дали воопшто некогаш ќе дојде до премиера на оваа платформа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП