29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes и BMW се соединија за развој на бежично полнење

Mercedes и BMW се соединија за развој на бежично полнење

benz_bmw_2012_display

Производителите на автомобили се повеќе вложуваат во е-автомобилите, а една од областите на истражување е и полнењето на вградените батерии. Две компании кои ја истражуваат можноста за бежично полнење се „Mercedes-Benz“ и „BMW“.

Двата германски гиганти најавија соработка во областа за ефикасно бежично полнење на батериите во автомобилите. Полначите би биле вградени на паркинг места, а полнењето би започнало со единствено паркирање на автомобилот над означеното место во што би помогнал и приказот на контролната табла.

Благодарејќи на дури 90 проценти ефикасност, процесот на полнење би бил (релативно) брз, батериите во „BMW i8“ би се наполниле за помалку од два часа. Покрај во автомобилот, информациите за процесот за полнење на батериите би можеле да се видат и по пат на апликациите за мобилните телефони.

Од „Mercedes“ најавија тестирање на технологијата на моделот „S500 Plug-In Hybrid“. Сепак, засега нема информации за тоа кога бежичното полнење би можело да се појави како готов производ и колку тој ќе чини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП