3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЗабавува падот на продажбата на компјутери

Забавува падот на продажбата на компјутери

kompjuteri pad pazar

Според проценките на компанијата „Gartner“, испораките на компјутери ширум светот ќе паднат во оваа година за само 2,9%, што е значително помалку од минатогодишниот пад од 9,5%.

„Gartner“ во компјутери ги вбројува само класичните десктоп уреди, преносните и „ултрамобилните“ компјутери, а овој пазар веќе неколку години бележи пад затоа што корисниците се насочуваат на паметните телефони и таблети.

Исто така се наведува дека корисниците повеќе не ги менуваат компјутерите на неколку години, односно ги користат многу подолго од претходно, а падот на продажбата дополнително го поттикна и слабиот интерес за „Windows 8“. Но бизнис корисниците сепак го ублажија тој пад поради надоградбата на системите кои се темелени на „Windows XP“, па го задржуваат својот вообичеан циклус за замена на компјутерите.

Од „Gartner“ очекуваат дека вкупната испорака на декстоп и преносни компјутери ќе падне од минатогодишните 296,1 милиони на 276,2 милиони примероци во оваа година, односно 261,6 милиони во следната година. Но испораката на „ултрамобилните“ компјутери ќе бележи постојан раст од 21,5 милиони примероци во минатата година, на 32,2 милиони во оваа, т.е. 55 милиони во следната година.

Испораката на таблети според проценките на „Gartner“ во текот на оваа година би требало да порасне за 24% или на 256 милиони примероци, додека испораката на мобилни телефони ќе нарасне на 1,9 милиони уреди, а тоа е раст за 3,1% во однос на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП