1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМоделот Q50 е бисерот на Infiniti

Моделот Q50 е бисерот на Infiniti

linfiniti q50

Раст во продажбата на автомобили не бележат само германските премиум производители. Јапонски „Infiniti“ го зголеми бројот на продадени возила во првите шест месеци за 2014-та година за 30 проценти.

Во периодот од јануари до јуни, „Infiniti“ ширум светот им испорача на купувачите 101.220 автомобили. Тоа воедно е и рекордна полугодишна продажба во историјата на овој производител.

Најзначајни пазари за оваа поддружница на компанијата „Nissan“ која се занимава со изработка на луксузни автомобили и натаму се САД, Кина, Канада и Блискиот исток, а степенот на раст е подеднакво распореден.

Очекувано, во продажбата е најзастапен новиот модел, лимузината „Q50“, благодарејќи на која е и остварен ваквиот раст. „Infiniti Q50“ чини околу 50 отсто од сите продадени автомобили на оваа марка.

До крајот на 2014-та година во Кина ќе се појави и верзија со продолжено меѓуосовинско растојание, што би требало дополнително да ја зголеми продажбата на „Infiniti“. Исто така, наскоро можеме да очекуваме премиера на новиот компактен хечбек модел, „Q30“, кој ќе биде ривал на „Mercedes A сlasѕ“и„BMW Serieѕ 1“, па така „Infiniti“ во 2015-та би можел уште еднаш да го собори својот рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП