Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез веќе е фудбалер на Барселона. Поранешната ѕвезда на Ливерпул официјално беше прогласен како играч на каталонците на веб страницата на „сино-црвениот“ клуб.
Договорот му е за 5 години, а во понеделник или вторник Суарез треба да пристигне во Шпанија, за да го потпише договорот. Презентацијата ќе биде во среда, а во новата сезона тој ќе го носи дресот со број 9.
Точна сума за зделката не се споменува, но според информациите од локалните медиуми е околу 75,5 милиони евра, што се совпаѓа со сумите од трансферите на Цеск Фабрегас и Алексис Санчез во Челзи и Арсенал (33 + 42,5 милиони евра).
Суарез е 15-иот уругвајскиот фудбалер во Барса и се очекува да дебитира за новиот клуб дури во ноември, кога истекува казната од 4 месеци од ФИФА за каснувањето на Џорџо Киелини на Мундијалот во Бразил.