5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го лансираше смартфонот Honor 6

Huawei го лансираше смартфонот Honor 6

honor 6111

Компанијата „Huawei“ го лансираше „Honor 6“ – првиот „4G“ мобилен телефон базиран на „Kirin 920“ осумјадрената платформа која поддржува „LTE Cat.6“ конекција и ја овозможува досега најголемата брзина за превземање од 300Mbps.

Како што се наведува во соопштението на компанијата, „Honor 6“ е заснован на „Android 4.4.2“ оперативниот систем, а го следи и новиот слоган на брендот – „Храбро покажи кој си “.

„Kirin 920“ е заснован на „little.BIG“ архитектурата, поседува четири моќни „А15“ јадра и четири штедливи „А7“ јадра.

Со помош на овие јадра, „Honor 6“ може да оствари интелегентен распоред и производна комбинација на оптеретувањето на процесорот, подобрени централни процесорски единици за 200 проценти и помала потрошувачка на енергија за 35 отсто.

Покрај „Kirin 920“, „Honor 6“ има главна фрекфенција од 800Mhz и двоканален „3GB LPDDR3“ поврзан со одличен „16GB ROM“, па лесно може да достигне резултат од 40.700 поени на бенчмарк тестовите, што го вметнува меѓу најдобрите смартфони на пазарот.

Исто така, „Kirin 920“ е првиот чип на светот со вграден аудио процесор „Tensilica HIFI3“, кој поддржува супер „HD“ аудио кодирање и декодирање, како и „UHDV“ или супер „UHDV“ видео записи.

Како што велат од „Huawei“, „Honor 6“ со независен иновативен чип, претставува револуционерен уред во областа на смартфоните кои ги диктираат новите технолошки трендови.

Го одликуваат одлични перформанси – предната страна на телефонот 75.7 проценти е прекриена со екранот и поседува рамка од само 2.86 милиметри. Куќиштето е изработено од алуминиум, задната камера е од 13 мегапиксели, а предната од пет мегапиксели.

Присутна е и поддршка за „LTE“, „Dual-band WiFi“ и 16/32GB интерна меморија со слот за „microSD“ картичка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП