24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да се надмине совршенството?

Како да се надмине совршенството?

buguti

„Bugatti“ има пред себе тешка задача, како со нова генерација на „Veyron“ да се надмине модел кој според многумина се смета за врвот во автомобилската индустрија?

Кога започна да се произведува во 2005-та, „Veyron“ беше единствениот сериски спортски модел со кој сопственикот на марката „Bugatti“ – „Volkswagen“, сакаше да ја покаже својата инженерска супериорност. Деценија подоцна, односот на моќта на автомобилскиот пазар многу не се промени, иако конкуренцијата напредуваше.

Шефот на „Bugatti“, Фолфганг Шрајбер, најави на почетокот на 2014-та дека втората генерација на „Veyron“ е во подготовка, но не објави повеќе детали за тој автомобил.

Интернет страната „AutoGuide“, повикувајќи се на извори од „Bugatti“, дознава дека идниот „Veyron“, кој треба да се појави во 2015-та, ќе има хибриден погон, при што како основен извор на моќ ќе го задржи моторот со 16 цилиндри.

Со помош на електромоторот, моќта на погонскиот систем ќе достигне 1.500 ks, додека максималната брзина ќе надминува 435 km/h. Истиот извор наведува дека е во план производство на 450 автомобили.

Иако побарувачката за најскапиот спортски автомобил во светот е голема, се поставува прашањето дали и кога „Bugatti“ ќе успее да ја продаде целата серија со оглед дека ни првата генерација, која исто така е ограничена на 450 единици, се уште не е распродадена.

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП