29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФлексибилниот 18-инчен екран на LG

Флексибилниот 18-инчен екран на LG

lg fleksibilen ekran

Иако веќе долго време се говори за нив, флексибилните екрани се уште не заживеаа во готови производи. Една од компаниите која е предводник во оваа категорија е „LG“.

Корејскиот производител, имено, ќе престави нов флексибилен екран, а станува збор за релативно голем екран со дијагонала од 18 инчи.

Екранот е „OLED“, a може да се свитка во цилиндар со дијаметар од само шест сантиметри. Иако станува збор за прототип, резолуцијата на екранот не е импресивна, дури 1.200 x 800 пиксели, но ова е сигурна област на која компанијата сигурно ќе поработи.

Исто така е претставен и провиден екран.

Максималната дијагонала на екранот која ја поддржува моменталната технологија е дури 60 инчи, а ваквите екрани до 2017-та година ќе имаат „Ultra HD“ резолуција, велат во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП