7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОГлавната цел на Леброн Џејмс е да стане милијардер

Главната цел на Леброн Џејмс е да стане милијардер

ca. 2006 --- LeBron James --- Image by © Anthony Mandler/Corbis Outline

Леброн Џејмс е на пат да потпише најпрофитабилен договор, благодарение на кој ќе добива по над 22 милиони долари за сезона, за да игра во Кливленд или Мајами. Кој град и да го избере сепак, договорот ќе биде само мал дел од неговата крајна цел – да стане милијардер.

Не дека Џејмс ќе игра за малку пари. Се очекува тој да потпише за максималната дозволена сума согласно колективниот договор на Националната Кошаркарска Асоцијација. Џејмс исто така има добиено околу 128 милиони долари за првите 11 години во лигата.

Неговата плата во НБА сепак е ништо во споредба со рекламните договори. Пред да ја одигра и прва минута во НБА, „Nike“ потпишале со Џејмс, кој тогаш беше уште тинејџер, седумгодишен, договор вреден 90 милиони долари. Меѓу другите негови рекламни договори се „Coca-Cola“, „McDonald’s“, „Samsung“ и „Dunkin Brands“.

Според некои информации неговите приходи од рекламирање изнесуваат меѓу 38 милиони долари и 53 милиони долари годишно, што е повеќе од било кој друг спортист. Само актуелниот договор со „Nike“ е во вредност од 20 милиони долари годишно. Дури и вкупниот износ од рекламните приходи, откако е во НБА, изнесуваат „само“ малку над 300 милиони долари.

Па тој ќе има потреба од инвестиции, за да може неговата состојба да достигне десетцифрена вредност. Во 2007-ма година, уште пред да стане слободен агент за прв пат, тогаш 22-годишниот Џејмс веќе ја изврши најголемата цел.

Тој се спријателува со Ворен Бафет, добива инвестициски совети и создава сопствена компанија – „LRMR Marketing“ која се грижи за инвестициите во новоформираните компании, имот и други компании. Меѓу нив се стекнување на 10% во производителот на велосипеди „Cannondale“, како и удел во компанијата за луксузни слушалки на Доктор Дре – „Beats“, која, според „ESPN“, му донела 30 милиони долари, кога компанијата беше купена од „Apple“ за 3 милијарди долари претходно оваа година.

Маверик Картер, пријател од училиште на Џејмс, кој е и негов партнер во „LRMR“ сподели пред „CNNMoney“ во 2007-ма година, дека целта на Џејмс да стане милијардер се концентрира повеќе околу инвестициите, отколку околу приходите од кошарка или рекламните договори.

„Невозможно е да станеш милијардер само од рекламни договори. Дури и најголемите рекламни договори не можат да те донесат до таму. Важно е што ќе правиш со парите додека спиеш, кои ќе те одведат до целта“, вели Картер.

Меѓу инвестициите на Џејмс е и малцински удел во англискиот фудбалски клуб Ливерпул, кој го стекнува како дел од договор со „Fenway Sports Group“. Компанијата е мнозински сопственик не само на Ливерпул, но и на безбол тимот Бостон Ред Сокс и на тимот од „NASCAR“, „Roush Fenway Racing“.

Ако успее да стане милијардер, не е јасно дали Џејмс ќе беше првиот спортист, кој ќе го направи тоа. Во 2009-та година од „Forbes“ пресметале дека приходите од наградните фондови и реклами на Тајгер Вудс ја поминале таа граница. И двата главни извори на приход на Вудс сепак се намалија од тогаш како последица на комбинација од проблеми на терените за голф и секс скандалите надвор од него. Скандалот пак доведе до развод, кој исто така го намали статусот на голферот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП