27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИМобилните игри носат 84,9 проценти од приходите во продавниците за апликации

Мобилните игри носат 84,9 проценти од приходите во продавниците за апликации

mob igri

Ако некогаш сте се запрашале кои апликации носат најмногу пари во продавниците за апликации, одговорот гласи – мобилните игри.

Компанијата „Midia Research“ дојде до податок кој покажува дека категоријата игри најмногу заработува во онлајн продавниците за апликации. Истражувањето на оваа компанија покажува дека продажбата на игри во продавниците за апликации за мобилните уреди, прават дури 84,9 проценти од вкупните приходи.

Ова е базирано на 700-те најпрофитабилни апликации од „iTunes App Store“ и „Google Play Store“. Овие податоци не се големо изненадување, затоа што на почетокот на годината е откриено дека приходот од мобилните игри е во пораст.

„Midia Research“ исто така откри дека вкупно 50 компании се заслужни за дури 81 процент од овие приходи во продавниците за апликации. На второ место, зад игрите според приходите се друштвените мрежи, а потоа следат апликациите за истражување и патување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП