13 ноември, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАргентина има напаѓач кој вреди 100 милиони, а не е Меси!

Аргентина има напаѓач кој вреди 100 милиони, а не е Меси!

arg22

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, откри дека Гонзало Игуаин има ослободувачка клаузула во договорот со клубот и таа изнесува точно 100 милиони евра.

Во последниот месец се зборуваше за изненадувачки интерес од страна на Барселона, кон поранешниот ас на Реал Мадрид. Сепак, неаполитанците нема да се разделат поевтино со еден од водечките играчи.

„Некои од медиумите напишаа дека клаузулата во договорот на Игуаин е 70 милиони евра.Па, јас можам да ви кажам дека минатата година, кога потпишавмесо него, во договорот фигурира клаузула за 100 милиони евра“, рече Де Лаурентис.

„Како што можете да видите, медиумите секогаш дезинформират. Тие ги голтаат овие приказни и хипотези, но мислите ли дека по 10 години на чело на клубот, еден човек, кој реализирал над 400 трансфери, не знае како да се напише договор со фудбалер?“, додава претседателот.

„Верувате ли дека јас сум човек, кој не знае како да склучи добра зделка? Мене навистина ми се допаѓа Игуаин, тој е извонреден човек и секогаш се држи многу добро. Па додека нашите односи се добри, не гледам проблеми“, заврши шефот на Наполи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП