26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКои мобилни телефони зрачат најмногу и кои најмалку?

Кои мобилни телефони зрачат најмногу и кои најмалку?

zracenje naslovna

Многу корисници се плашат дека мобилните телефони не се безбедни за нивното здравје, а причината за тоа е нивното зрачење. И додека во медицинските кругови се уште се водат спорови за тоа до колку опасни се овој вид на уреди, постојат барања кон нив (барем во САД) во врска со дозволената норма на емитување (специфичната стапка на апсорпција – SAR).

Показателот „SAR“, кој претставува нормата во која електромагнетното излачување на телефонот се апсорбира во телото, е со дозволена ниво од државните регулатори од 1,6 вати на килограм.

Еве и кои се смартфоните со најблиските нивоа на зрачење до границите во САД, според истражувањето објавено во финансиското издание „phones.cnet.com“:

5. „Huawei Vitria“ (SAR 1,49).

zracenje 6

Тоа е евтин „Android“ – паметен телефон, понуден во САД со цена од 130 долари.

4. „Alcatel One Touch Evolve“ (SAR 1,49).

zracenje 7

Една од главните причини поради кои купувачите го посакуваат овој модел е најниската цена. Тој може да биде купен за само 99 долари.

3. „Mototrola Moto E“ (SAR 1.5).

zracenje 8

Новиот нискобуџетен модел на американскиот производител на паметни телефони ужива исклучителен интерес главно на пазарите во развој. Тој нуди многу подобра цена-квалитет сооднос, како и доста големо зрачење. Цената му е 140 долари на американскиот пазар, а за неа корисниците добиваат софтвер „Android Kit Kat“, еден гигабајт RAM меморија и водоотпорен дисплеј.

2. „Mototrola Droid Ultra“ (SAR 1.54).

zracenje 9

Тешко некој се сомнева за високите нивоа на радијација од овој паметен телефон, кој е релативно скап и се продава за околу 400 долари без договор во САД.

1. „Mototrola Droid Maxx“ (SAR 1.54).

zracenje 10

Американската компанија ги држи челните позиции во рангирањето за најсериозно зрачење, па така се најде и на првото место. Овој модел од високата класа се одликува и со моќна батерија која дава можност за разговори (зрачење) до 15 часа.

А еве и кои се мобилните телефони со најмалку електромагнетно зрачење:

1. „Samsung Blue Earth“ (SAR 0.196).

zracenje 1

Овој мобилен телефон се рекламира како екотелефон и е направен од рециклирани материјали. Има соларен панел на грбот за полнење. Меѓу недостатоците му се релативно малиот екран и тоа дека не поддржува 3G мрежа.

2. „Pantech Breeze III“ (SAR 0.281).

zracenje 2

Ова е функционален телефон кој најверојатно не би ги задоволил барањата на модерните корисници. Тој, сепак, е идеален за оние кои сакаат да одржуваат само разговори и се загрижени од зрачењето на мобилните телефони.

3. „Samsung Replenish“ (SAR 0.3).

zracenje 3

Ова е „Android“ – паметен телефон со „QWERTY“-тастатура за оние кои не се особено големи поддржувачи на екранот на допир. Тој е со релативно мал екран од 2,8 инчи и има камера од само 2 мегапиксели.

4. „Sidekick 4G“ (SAR 0.34).

zracenje 4

Овој модел доаѓа од американскиот мобилен оператор T-Mobile. Ова е еден од најевтините 4G паметни телефони со оперативен систем „Android“, а неговата цена со двегодишен договор е 80 долари. Располага со 5 мегапикселна камера, „QWERTY“-тастатура и екран со резолуција од 480 x 800 пиксели.

5. „HTC Surround“ (SAR 0.439).

zracenje 5

Овој модел во најголема мера се доближува до современите претстави за смартфоните. Тој располага со процесор од 1 GHz, како и екран осетлив на допир дисплеј со резолуција 480 x 800 пиксели. Моделот има 5 мегапикселна камера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП