30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Sony не верувале во PlayStation

Во Sony не верувале во PlayStation

sony ps83

На неодамна одржаната Develop конференција Ендрју Хаус од „Sony“ откри дека компанијата пред 20 години не веруваше дека „PlayStation“ ќе стане клучен дел од нејзиното работење, т.е. објасни дека поголемиот дел од вработените на конзолата гледале негативно.

„Поголемиот дел од компанијата на „PlayStation“ гледаше негативно. Уште додека беше во концептна фаза беа потребни волонтери и никој несакаше да биде дел од проектот, освен јас. Кога преминав во „SCE“ колегите ме сметаа за идиот, прашувајќи ме зошто сакам да работам на конзола која нема никогаш да биде важен дел од работењето на „Sony“, вели Хаус.

Но Хаус и покрај се не се откажувал. Своето време и страст ги вложувал во „PlayStation“ верувајќи дека проектот има потенцијал и погодил.

„PlayStation“ денеска е еден од најпрепознатливите брендови во светот, дури и меѓу оние кои не ја употребуваат оваа конзола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП