9 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКоцкестиот BlackBerry Passport

Коцкестиот BlackBerry Passport

bb passport

„BlackBerry“ неодамна најави целосно нов концепт за изработка на своите паметни телефони од новата генерација, а сега и официјално го претстави својот иден производ кој се нарекува „BlackBerry Passport“. Според карактеристиките, станува збор за смартфон од средна класа, да не е до многу невообичаениот детал – 4.5-инчниот екран во форма на квадрат!

Иако има дијагонала од 4.5 инчи, ваквата форма дава површина на стандарден 5-инчен уред, велат од „BlackBerry“. Корисниците повеќе немораат да се грижат за користењето на мобилниот во хоризонтална или вертикална положба, а наместо 40 знаци, секој ред на текст на овој екран ќе може да содржи околу 60.

bb passport2

„Passport“ e дизајниран според потребите на бизнис корисниците, а раскошниот екран со резолуција од 1440 x 1440 точки, нуди и физичка тастатура (која не зазема простор од екранот). Хардверот треба да се основа на „Qualcomm Snapdragon 800 SoC“, a уредот го користи оперативниот систем „BlackBerry 10.1“. На пазарот оваа „цигла“ ја очекуваме во текот на септември.

Дали станува збор за генијален радикален концепт или пак за непотребен излет во непознато ќе покажат продажните резултати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП