3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПоловина од продадените возила на VW заминаа во Азија

Половина од продадените возила на VW заминаа во Азија

pro vw

„Volkswagen“ за првите шест месеци во 2014-та продаде ширум светот 3.07 милиони автомобили. Тоа е прв пат во историјата на овој производител полугодишната продажба да надмине три милиони возила.

Само за споредба, „VW“ во првата половина од 2013-та година испорача 2.95 милиони автомобили.

Што се однесува до резултатите во 2014-та, само во јуни продадени се 514.900 „Volkswagen“ возила, што е за 1.1 % повеќе во однос на истиот месец од 2013-та.

Најмногу автомобили, 1.5 милиони, им се испорачани на купувачите во азиско-пацифичкиот регион, што чини околу 50% од вкупната продажба. На домашниот, германскиот пазар „Volkswagen“ за шест месеци продаде 285.700 возила, што е за 0.8 отсо повеќе од јануари до јуни 2013-та.

Продажбата во средна и источна Европа, напротив, падна за четири проценти или на 127.100 автомобили. Во рамките на цела Европа продадени се 864.100 возила од марката „VW“, што е раст од 2.4 проценти.

Меѓутоа во Северна Америка побарувачката падна за 8.7 отсто, а испорачани се 282.600 автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП