7 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗOpel Corsa за 2015-та година (фото)

Opel Corsa за 2015-та година (фото)

oc1

„Opel“ ги објави официјалните фотографии и технички детали на петтата генерација на моделот „Corsa“.

Со оглед дека од претставувањето на претходната верзија до овој модел поминаа осум години, се очекуваше дека „Corsa“ зa 2015-та ќе биде значително поразлична. Кога станува збор за надворешниот изглед, тоа не се случи.

oc2

Од друга страна, „Opel“ го модернизираше ентериерот, погонските и преносните системи, така навистина е во прашање целосно нова генерација на овој автомобил.

Фотографиите од маскираниот прототип веќе најавија дека предниот дел на новата „Corsа“ ќе ги превземе стилските елементи од моделот „Adam“.

oc3

Сепак, „Opel“ не го прекопираше дизајнот на својот најмал автомобил, туку само примени слична поставка на елементите како кај „Adam“.

Така во однос на сегашната „Corsа D“, фаровите се помали и поставени нешто повисоко, додека маската на ладилникот е спуштена пониско и вклопена е во предниот браник. Површината на хаубата има делови кои со неправилната форма на фарови допринесуваат за „агресивниот“ изглед на предниот дел на возилото.

oc4

Страните на автомобилот се направени по углед на моделите како што се „Astra“ и „Insignia“, па новата „Corsa“ има динамичен дизајн во однос на претходникот.

На прв поглед се чини дека на задниот дел на автомобилот единствено се променети фаровите кои личат на оние од „Merivа“, но доколку внимателно се погледа ќе се види дека се преобликувани и вратата на багажникот и задниот браник.

oc5

Како и досега, моделот со три врати и натаму визуелно се разликува од верзијата со пет врати, пред се поради задната странична површина во форма на „C“ столбовите.

Со оглед дека платформата е пренесена од претходната генерација, новата „Corsa“ по должина скоро е идентична на претходниот модел, односно е подолга за само 3 mm.

oc6

Автомобилот нуди скоро ист простор за патниците во кабината и за сместување на багажот (зафатнината на багажникот изнесува 285 mm).

Меѓутоа, атмосферата во внатрешноста е значително поразлична. Ентериерот е стилски подобрен, а дизајнот на централната конзола со седуминчниот екран на мултимедијалниот „Intellilink“ систем и командите за клима уредот, исто така се превземени од „Adam“.

oc7

Замерка може да се упати на положбата на екранот, кој е поставен прениско, па возачот мора да го трга погледот од патот пред себе кога ја користи навигацијата или содржините кои бараат визуелен контакт со дисплејот.

„Opel“ се потруди на купувачите да им понуди бројни содржини кои го зголемуваат комфорот и безбедноста во возењето. На располагање се греачи на предните седишта, воланот и шофершајбната, амбиентно осветлување на кабината, панорамски покрив…

oc8

Листата на електронски системи за асистенции и корисни содржини пофаќа, предупредување на возило кое се наоѓа во мртвиот агол, системот за автоматско подесување на долгите светла, предупредување за напуштање на сообраќајната лента по која се движи возилото, систем за автоматско паркирање, задна камера…

Производителот вели дека ги унапредил системите за суспензија и управување.

oc9

Возачот ќе може да избере едно од двете подесувања за суспензија – стандардно (Comfort) и потврдо (Sport).

Најголеми промени се случија под хаубата на автомобилот. Во понудата се наоѓа нов трицилиндарски 1.0-литарски „ECOTEC“ турбо-бензинец со директно вбризгување.

oc10

Купувачите ќе можат да изберат меѓу верзиите со 90 ks и 115 ks. Двете варијатни достигнуваат максимален вртежен момент од 170 Nm при 1.800 o/min.

„Opel“ засега не објави податоци за потрошувачката, но тврди дека во комбинација со „stop-start“ системот моторите трошат значително помалку гориво и емитуваат помалку штетни гасови, особено кога станува збор за бензинците.

oc11

Понудата на бензински мотори опфаќа и подобрена 1.2-литарска единица со 70 ks, т.e. 1.4-литарски со 90 ks.

Во врвот на бензинската палета се наоѓа 1.4-литарски мотор со турбо полење со 100 ks и 200 Nm максимален вртежен момент.

Кога станува збор за дизел моторите, „Opel“ потврди дека го подобри постоечкиот 1.3-литарски „CDTI“ така да ги задоволува „Euro 6“ стандардите и на располагање ќе бидат верзии со 75 ks и 95 ks.

oc12

Покрај тоа во понудата се и два нови менувачи, мануелен и автоматски, а и двата имаат по шест брзини.

Премиерата на „Opel Corsа“ зa 2015-та ќе биде одржана на саемот за автомобили во Париз во октомври, а автомобилот ќе се најде во продажните салони до крајот на годината, кога ќе биде позната и неговата цена и другите детали.

Какви се вашите први впечатоци за новата генерација на „Corsа“?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП