20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИZTE го клонираше LG G3, но за помалку пари

ZTE го клонираше LG G3, но за помалку пари

zte lg

Покрај неколку интересни информации, како смартфон со „4GB“, работите беа прилично тивки кога „ZTE“ е во прашање. Меѓутоа, штотуку најавенуиот„Nubira Z7“успеа да направи одредени бранови.

Се чини дека „ZTE“ во овој модел успеа да го стави се она што„LG G3“ го прави одличен телефон, но по значително пониска цена.

Исто како моделот „G3“, „Z7“ е премиум уред со 5.5-инчен „Quad HD“ дисплеј со 538 пиксели по инч, процесор „Snapdragon 801“, 3GB RAM и камера од 13 мегапиксели со оптичка стабилизација.

Сето ова, плус 32GB интерна меморија, изнесува 550 долари, што е за околу 200 долари поевтино од моделот„G3“, без договорни обврски.

Меѓутоа, не станува збор за идентичен клон – „ZTE“ не успеа да го прекопира ултра тенкиот РАМ, па така „Z7“ е нешто повисок (153.2mm vs. 146.3mm) и малку поширок (1mm).

Втора работа која би можела да ги разочара повеќето се однесува на достапноста на овој модел која можеби ќе биде ограничена на Азија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП