2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: „Панцирите“ ги декласираа „кариоките“

СП 2014: „Панцирите“ ги декласираа „кариоките“

ger-brazil

Репрезентацијата на Германија е првиот финалист на Светското првенство во Бразил откако во првото полуфиналето синоќа во Бело Хоризонте убедливо го победи домаќинот со 7:1. Ова воедно е најтешкиот пораз за „кариоките“ на Светско првенство.

Германците соборија многу рекорди, станаа прва репрезентација која во полуфинале постигнала седум голови, Мирослав Клозе е најдобар стрелец на Светските првенства (вкупно 16 голови). Бразил го доживеа најубедливиот пораз на еден домаќин на Мундијал, а воедно го прекина и периодот од 38 години без пораз на домашен терен и го изедначи најтешкиот пораз во историјата (6:0 од Уругвај 1920 година).

Домаќинот полуфиналето го играше без „првиот играч“ Нејмар, кој е повреден и капитенот Тијаго Силва, кој имаше два жолти картони.

Германија поведе во 11.минута по корнерот на Тони Крос, а стрелец беше Томас Милер (10.ти гол на Светските првенства). Лошата поставеност во одбраната кај „кариоките“, Германците ја казнија за кус период кога постигнаа четири голови. Стрелци беа во тој период беа: Мирослав Клозе 23.минута, Тони Крос 24.минута и 26.минута и Сами Кедира 29.минута.

Во вториот дел Германија преку Андре Шурле постигна уште два гола во 69.минута и 79.минута, од кој последниот беше најубавиот на натпреварот.

Почесниот гол за Бразил во последната минута го постигна Оскар.

Поразот во Бело Хоризонте е „црн ден“ во историјата на бразилскиот фудбал.

Вечерва во второто полуфинале во Сао Пауло играат Холандија и Аргентина.

Бразил в сабота на 12 јули во Бразилија го игра натпреварот за третото место, додека Германија на 13 јули во Рио де Женеиро ќе игра во финалето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП