6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИВо Бразил украдени уреди на Samsung вредни 6.3 милиони долари

Во Бразил украдени уреди на Samsung вредни 6.3 милиони долари

fabrika brazil samsung

Вооружени разбојници во неделата ја нападнале фабриката на „Samsung“ во Сао Паоло и ги земале работниците како заложници, додека краделе полни камиони со паметни телефони, таблети и преносни компјутери за кои компанијата процени дека вределе околу 6.3 милиони долари. Драматичниот грабеж траел околу четири часа, пренесува „Reuters“.

Портпаролот за безбедност на државата Сао Паоло рекол дека крадците ја напуштиле фабриката со седум камиони во кои имало повеќе од 40.000 производи. Државната полиција го истражува случајот, но засега нема осомничени.

Полицијата првично процени дека пленот е вреден 36 милиони долари, но „Samsung“ подоцна објави дека станува збор за многу помал износ.

А самиот тек на грабежот потсетува помалку на сценарио на криминалистички филм. Седумина наоружани напаѓачи го грабнале возилото за превоз на работници на пат до фабриката, а со него влегле во фабриката каде ги разоружале чуварите и обезбедиле никој од вработените да неможе да комуницира со надворешниот свет.

Кога се увериле дека се е чисто, тие ги повикале и останатите 13 разбојници да влезат во кругот на фабриката со камиони, кои ги наполниле со вредните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП