Само што се појавија првите гласини во врска со паметниот телефон на „Sony“ кој би требало првенствено да биде наменет за сите оние кои сакаат да праваат „селфи“ фотографии, комапанијата и официјално го потврди неговото постоење.
Со предна камера од 5 мегапиксели и „LED“ блиц, „Sony“ смета дека има најдобар „селфи“ телефон на светот.
„Xperia C3“ поседува 5.5-инчен 720p дисплеј, 1.2GHz „quad core“ процесор, задна камера од 8 мегапиксели, „4G“, „Android KitKat 4.4“ и 2.500mAh батерија.
Иако „C3“ можеби е првиот телефон кој поседува блиц за предната камера, која е од 5 мегапиксели, не е единствениот во класата.
Идниот „Huawei Ascend G6“, како и „HTC One“ (M8) поседува предна камера од 5MP, додека премиум моделот „P7“ поседува камера од 8MP.
„Sony Xperia C3“ би требало да се појави во август, а можност меѓу првите да го тестираат овој уред ќе бидат жителите на Кина.