21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИPhilips I908 би можел да биде еден од најтенките смартфони

Philips I908 би можел да биде еден од најтенките смартфони

philips22 telefon

„Philips“ пред неколку месеци го претстави 6-инчниот, „octa-core“ смартфон „I928“ , меѓутоа компанијата е подготвена за нови предизвици.

Овој пат „Philips“ ни го носи моделот „I908“, мини верзија на смартфонот „I928“.

„Philips I908“ ќе работи на „MediaTek MT6592“ – „octa-core“ процесор со такт од 1.7GHz, ќе има 5-инчен 1080p дисплеј, 2GB RAM и 13MP камера. Тоа што е интересно е дека маркетинг тимот на „Philips“ потенцира дека „I908“ ќе биде екстремно тенок.

Димензиите на уредот моментално не се познати, но ако ја погледнеме компјутерската слика, навистина станува збор за тенок уред.

„Philips“ моментално е фокусиран на пазарот во Кина, па поради тоа не сме сигурни дали „I908“ ќе го видиме и на другите пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП