4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Финале пред финалето

СП 2014: Финале пред финалето

brazil germanija

Бразил и Германија излегуваат вечерва на стадионот „Минеирао“ во првото полуфинале на СП 2014, а судирот меѓу нив веројатно ќе се памети долго. „Селесао“ е само на два чекори од посакуваната шестта светска титула, но при успехот над Колумбија во четвртфиналето, тие останаа без Тиаго Силва и Нејмар. Дефанзивецот доби жолт картон и беше казнет, а голгетерот на тимот беше повреден од Хуан Ѕунига и е аут до крајот на првенството.

Германците стигнаа до големата четворка по тешките победи против Алжир и Франција, но Јоаким Лев е убеден дека избраниците ќе го покажат најдоброто од себе токму против домаќините. На последните два Мундијали, Бундестимот се сопна точно во полуфиналето и сега сите се мотивирани да се приближат до големото финале.

Репрезентациите на Бразил и Германија се сретнале на светските првенства само еднаш, но во финалето. Тоа се случи во 2002-ра година, кога со два гола на Роналдо, јужноамериканците победија со 2:0 и ја освоија својата петта титула. Бразилците имаат во историјата 6 полуфиналиња, од кои во 5 излегувале како победници. Во овој поглед Германците се рекордери – цели 11 пати „панцирите“ стигнувале до големата четворка, а билансот им е 6 победи и 5 порази.

Повеќето коментари во деновите пред дуелот беше повредата на Нејмар. Ѕвездата на Бразил има скршен пршлен во рбетот и беше принуден да го напушти кампот на тимот. Сколари не сакаше да открие кој ќе е неговиот заменик, но најверојатно во првиот состав ќе се појави Вилијан. Нападот сигурно ќе биде предводен од неубедливиот Фред, а зад него ќе дејствуваат Оскар и Хулк. Отсуството на капитенот Тиаго Силва во срцето на одбраната ќе биде компензирано од Данте, кој ќе се соочи со голем дел од своите соиграчи во Баерн Минхен.

Јоаким Лев ќе се потпира на составот, кој започна против Франција, а единствената промена може да е вклучувањето на Лукас Подолски на местото на Мирослав Клосе. Ветеранот сепак сигурно ќе се појави во второто полувреме и ќе направи нов обид да стане единствен голгетер во историјата на светските првенства. Капитенот на Бундестимот Филип Лаам повторно ќе е десен бек, а лево ќе дејствува Бенедикт Ховедес. Бастијан Швајнштајгер и Сами Кедира ќе се двојката внатрешни халфови, а пред нив ќе играат Подолски, Месут Озил и Тони Крос. На предната позиција ќе стартува Томас Милер.

Досега Бразил и Германија се сретнале 21 пат, а балансот е целосно во корист на „Селесао“ – 12 победи, 4 порази и 5 реми.

Судија на натпреварот во Бело Оризонте ќе е Мексиканецот Марко Антонио Родригез, кој ќе го паметиме по тоа откако не виде како Луис Суарез го гризна Џорџо Киелини на средбата Уругвај – Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП