3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes тестира шлепер кој сам се вози (видео)

Mercedes тестира шлепер кој сам се вози (видео)

kamion koncept

Возењето по долгите и рамни автопати е прилично монотоно за нас во автомобилите, а уште полошо е за возачите на големите шлепери, кои се често и со денови на тие патишта без крај.

Но, „Mercedes“ во блиска иднина на возачите би можел да им овозможи своето време да го поминат на друг начин. Нивниот концепт„Future Truck 2025“ претставува полу-автономно возило кое ќе може да се вози по автопатиштата. Еднаш кога ќе ја постигне посакуваната брзина, камионот на прав курс ќе остане благодарејќи на системот на радари и стерео камери. Возачот тогаш би станал патник и би имал време за извршување на други работи.

Камионите би можеле да комуницираат со другите возила преку „Wi-Fi“ мрежа, а со тоа ќе ги дознаат условите на патот пред себе, но тој е доволно паметен и да се тргне настрана доколку доаѓа брза помош.

Како што и самото име говори, овој концепт е визија за следните десет години, но визија која има темели и во денешните технологии.

„Концептот „Future Truck 2025“ е наш одговор на големите предизвици и можности кои се поврзуваат со теретните превози за во иднина“, вели Волфганг Бернард од „Daimler“. Тој додава дека со оваа визија уште еднаш „Daimler“ ја нагласува својата пионерска улога во иновативната технологија, т.е. отвораат нова ера во камионскиот превоз.

Пред доаѓањето на вакви возила на автопатиштата ќе мораат да се менуваат и законите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП