19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG G Pad 10,1-инчен таблет

LG G Pad 10,1-инчен таблет

tablet lg g pad 10

Јужнокорејската компанија „LG Electronics“ на годинешната „MedPi“ манифестација претстави три нови таблети од серијата „G Pad“ со големина од 7, 8 и 10,1-инчи.

Денеска „LG“ објави дека најголемиот (10,1-инчниот) модел ќе стане глобално достапен. Тоа значи дека „G Pad 10,1“ прво ќе пристигне на американскиот пазар, додека потенцијалните купувачи од Европа, Азија и Јужна Америка ќе мораат да почекаат уште некоја недела, но најкасно до крајот на овој месец.

Од самото име може да се забележи дека таблетот „G Pad 10,1“ има екран со големина од 10,1-инчи, меѓутоа од името не е видливо дека станува збор за „IPS“ екран со резолуција од 1280 x 800 пиксели и густина од 149 ppi. Тој работи на четири јадрен „Qualcomm Snapdragon“ со такт од 1,2 Ghz, има 1 GB RAM и 16 GB интерна меморија.

Како и кај останатите модели на другите производители и кај овој модел е можно дополнително да се прошири просторот за податоци со вметнување на „micro SD“ мемориска картичка. „LG“ одлучи да вгради камера со резолуција од 1,3 (предна) и 5 MP (задна). Доколку се одлучите за купување на овој таблет, сурфањето ќе ви биде ограничено, затоа што тој поддржува само „Wi-Fi“ мрежи.

Кога софтверот е во прашање „LG“ со таблетот испорачува и „KitKat 4.4.2“ верзија на „Android“ оперативниот систем која доаѓа со „UX“ функции кои може да се видат на смартфонот „G3“ (Touch & Shot, Gesture Shot for Selfies, Smart Keyboard, Qpair 2.0, Knock Code и Dual Window). „G Pad“ се напојува со батерија која има капацитет од 8000 mAh.

За жал „LG“ во најавата не ја истакна и цената уредите, затоа што таа ќе се разликува од пазар до пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП