1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИФустан кој служи како полнач за мобилен телефон (видео)

Фустан кој служи како полнач за мобилен телефон (видео)

fustan baterija

Tрендот на носиви електронски уреди се повеќе се шири, но главно во тој контекст се говори за разни паметни нараквици, очила или слични модни или спортски додатоци.

Но, постојат и дизајнери кои поимот за преносната електроника ја согледуваат на малку поразличен начин. Така неодамна видовме како „Microsoft“ беше дел од проект за панталони кои можат да ја полнат батеријата на мобилниот телефон, сега се појави и фустан со иста цел.

Холандската дизајнерка Паулине ван Доген ја покрена „startup“ компанијата „Wearable Solar“, која како што кажува нејзиното име, се занимава со уреди кои се полнат со соларна енергија. Еден од првите производи им е фустан кој во горниот дел има доволно фотонапонски панели за напојување на батеријата на мобилниот телефон преку „USB“ приклучок.

Овој фустан се уште не е во сериско производство, но дали ќе заживее понатаму од прикажаниот прототип, останува да се види.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП