19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi Mi3 продаден во 10 милиони примероци

Xiaomi Mi3 продаден во 10 милиони примероци

xiaomi proda2

Кинескиот производител на паметни телефони, објави дека нивниот премиум модел „Mi3“ ја надминал бројката од 10 милиони продадени примероци.

Уредот почна да се продава во текот на октомври минатата година и засега е достапен во само пет земји: Кина (без Хонг Конг), Тајван, Сингапур, Малезија и Филипини.

Со цел да ја одбележат успешната продажба, основачот на „Xiaomi“, Леи Јун, најави дека купувачите отсега ќе имаат избор на шестта нов боја за својот иден „Mi3“ уред, шампањско златна. Исто така, наскоро се планира почеток на продажбата на смартфонот во Индија, Индонезија, Мексико и Бразил.

Покрај „Mi3“ моделот, „Xiaomi“ продава уште три модели на смартфони: „Mi2S“, „Hogmi“ и „Hogmi Note“. Oд 1-ви јули компанијата продава и „Android“ таблет кој е замислен како конкуренција на „Apple iPad“.

Што се однесува до резултатот на продажбата, во текот на првата половина од оваа година „Xiaomi“ продаде 26.1 милиони мобилни уреди, што е многу повеќе од истиот период од 2013-та година, кога имаа продадено 18.7 милиони примероци. До крајот на 2014-та година планирана е продажба на околу 60 милиони уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП