27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАШто луѓето сакаат „Гугл“ да „заборави“

Што луѓето сакаат „Гугл“ да „заборави“

Googl

Неодамна интернет гигантот „Гугл“ дозволи на жителите од Европа да поднесат барање за бришење на некои податоци поврзани за нив, а кои се ирелевантни, стари или несоодветни, од нивниот пребарувач.

Forget.met е сервис што треба да ги олесни напорите на луѓето за бришење на нивните податоци.

Интернет страницата за само една недела примила 1.106 барања во кои се бара да бидат отстранети 5.218 линкови.

Следи листа на најчести барања од „Гугл“ да избрише нешто од пребарувачот:

– загрозување на приватноста – 28 проценти
– навреда и клевета – 19 проценти
– злоупотреба да идентитет – 6 проценти
– кривична постапка – 5 проценти
– презумција на невиност – 5 проценти
– фотографии – 5 проценти
– хомоним – 2 проценти
– друго – 31 процент

Најголем број барања се однесуваат на приватноста, што е поделена на следните категории:

– објавување адреса – 22 проценти
– негативно мислење – 18 проценти
– непотребни податоци – 16 проценти
– потекло, национален или етнички идентитет – 8 проценти
– академски труд – 8 проценти
– филозофски став – 7 проценти
– религиозни верувања – 6 проценти
– податоци за приходи – 5 проценти
– политички ставови – 4 проценти
– сексуална ориентација –3 проценти
– здравствени информации – 2 проценти
– членство во синдикат – 2 проценти

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП