20 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple се „засилува“ пред премиерата на iWatch

Apple се „засилува“ пред премиерата на iWatch

iwatch11984

Гласините за излегувањето на паметниот часовник на „Apple“ постојат повеќе од една година, но официјална потврда од компанијата досега не е пристигната.

Сепак, „Apple“ сега го вработи првиот човек за продажба на компанијата „TAG Heuer“, што многумина го поврзуваат со излегувањето на „iWatch“ кој би можел да се појави веќе во октомври оваа година. Навистина, гласините укажуваа на тоа дека „iWatch“ ќе се појави уште минатата година, но тоа не се случи.

На последниот „WWDC“ конгрес, „Apple“ прикажа лесно поврзување меѓу уреди, како и ширење на опративниот систем „iOS“ во домовите и автомобилите, па така платформата за паметниот часовник може лесно да се вклопи во оваа приказна.

„Apple“ и претходно вработуваше експерти од овие области (или барем се обидуваше), а прикажувањето на „HealthKit“ платформата секако ќе го забрза појавувањето на паметниот часовник на „Apple“ или некој уред со слична намена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП