4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Познати првите полуфиналисти, денеска другите два

СП 2014: Познати првите полуфиналисти, денеска другите два

fudbal29

Репрезентацијата на Германија е првиот полуфиналист на дваесеттото Светското фудбалско првенство кое се одржува во Бразил.

Германците ја совладаа Франција 1:0 во првиот четвртфинален натпревар на Мундијалот одигран попладнево на легендарниот стадион „Маракана„ во Рио де Женеиро.

Матс Хумелс во 13-минута беше стрелец на голот за Германија вреден полуфинале, откако најдобро се снајде во шеснаесетникот на „триколорите„ по слободниот удар кој го изведе Тони Крос.

За Германија ова ќе биде четврто полуфинале во низа (2002, 2006 и 2010), односно вкупно тринаесетто во историјата. Досега „панцирните„ дури седумпати успеале да ја минат и полуфиналната рунда и да стигнат до големото финале.

Бразил домаќинот на Светското фудбалско првенство, го исполни својот план и обезбеди пласман во полуфиналето на Мундијалот.

На синоќешната средба од четвртфиналето одиграна во Форталеза, домашните фудбалери ја совладаа Колумбија со 2:1. Стрелци на головите за „Кариоките“ беа централните дефанзивци, Тиаго Силва (7-минута) и Давид Луиз (69-минута).

Колумбија се врати во игра со голот од пенал на Хамер Родригез од пенал во 80-минута, но до крајот не успеа да го израмни резултатот иако Колумбијците постигнаа гол, кој по сугестија на помошникот судија поради наводен офсајд беше поништен.

Бразил во полуфиналето на 8 јули ќе игра против Германија која во четвртфиналето со 1:0 ја победи Франција.

Денес ќе биде формиран и вториот полуфинален пар на откако своите натпревари од четвртфиналето ќе ги одиграат, Аргентина – Белгија и Холандија – Коста Рика.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП