2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОд 500 суперкомпјутери 90% се американски

Од 500 суперкомпјутери 90% се американски

super kompjuteri9

На скалата од 500 најмоќни компјутери на светот, кинескиот „Tianhe-2“ (Рајска река 2) е водечки веќе една година, благодарејќи на способноста да достигне брзина од 33,86 петафлопс (33,86 квадрилиони операции во секнуда).

Сепак, 90% од сите компјутери на оваа скала се производ на американските производители, вкупно 435. Покрај тоа, 65 од 75-те кинески компјутери содржат компоненти кои ги произвеле американски компании. „Tianhe-2“ користи процесори на „Intel“.

Компанијата „Hewlett-Packard“ на оваа скала има 182 компјутери (удел од 36%), по што следи „IBM“ со 176 компјутери (удел од 35%).

Но, видлив е порастот на најмоќни компјутери кои не се базирани во САД. За прв пат помалку од 50% од компјутерите се наоѓаат на територијата на Америка, односно вкупно 233.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП