4 октомври, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Двата дена пауза завршија - време е за четвртфиналето од...

СП 2014: Двата дена пауза завршија – време е за четвртфиналето од Светското!

brazil pehar0

Два дена пауза на Светското првенство ни се направија цела вечност. Убавата вест е дека денеска повторно ќе има натпревари. И тоа какви! Почнува четвртфиналето на Мундијалот, а вечерва ќе бидеме сведоци на едно европско дерби: Франција – Германија, како и на еден јужноамерикански судир: Бразил – Колумбија, па шоуто е загарантирано!

Во 18 часот на стадионот „Маракана“ излегуваат две од најголемите сили во фудбалот. И Франција и Германија победија во своите групи, по што имаа тешки моменти во осминафиналето соодветно против Нигерија и Алжир.

Во директните дуели предноста е на страната на „петлите“, но составот на Германија е доста искусен и токму тој е сметан за фаворит.

Дидие Дешамп ќе може да располага на сите најдобри, бидејќи нема никакви кадровски проблеми. Не таква е ситуацијата кај Јоаким Лев. Шкодран Мустафи отпаѓа од тимот поради повреда, а цели 7 фудбалери се лекуваат од вирус непосредно пред натпреварот. Кои се и дали ќе можат да играат сепак не е јасно. Судија на натпреварот е Аргентинецот Нестор Питана.

Во 22 часот е ред на јужноамериканските страсти. Шпанецот Карлос Веласко Карбајо ќе го даде почетниот сигнал на „Стадио Кастелао“ во Форталеза, каде Бразил ќе се обиде да го продолжи походот кон единствената цел – Светскиот куп.

Нивен ривал сепак е тимот на Колумбија, кој до овој момент импресионира со својот фудбал. Предводени од Џејмс Родригез, колумбијците остварија три победи во групата, по што во осминафиналето без проблеми го совладаа и Уругвај.

Во исто време „кариоките“ незадоволуваат со досегашната игра. Во осминафиналето тие се извлекоа драматично против Чиле по изведувањето на пенали.

Луис Фелипе Сколари ќе мора да бара заменик на казнетиот Луис Густаво, кој до овој момент секогаш беше стартер во средината на теренот. Неговиот колега Хозе Пекерман пак нема кадровски проблеми и ќе може да се надева на се најдобро.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП