30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXOLO Win Q900s - најлесниот смартфон на светот

XOLO Win Q900s – најлесниот смартфон на светот

xolo0000

Можеби името на компанијата „XOLO“ не ви значи многу, но овој индиски „ИТ“ производител моментално може да се пофали со најлесниот „Windows“ смартфон на светот.

Нема многу грама, 100, но има многу можности, наведува компанијата „XOLO“ на официјалната интернет страна за уредот. Само за споредба, „iPhone 5s“ е тежок 112 грама, додека „Galaxy S4 Mini“ е полесен за 5 грама.

„XOLO Win Q900s“ во своето куќиште со дебелина од 7.2 милиметри, сепак вметна пристојни компоненти.

Уредот има „IPS LCD“ екран со дијагонала од 4.7 инчи со резолуција од 1.280×720 пиксели, а прекриен е отпорното стакло „Dragontrail“, истото кое се наоѓа на сматрфонот на „Sony“ – „Xperia Z2“.

Во внатрешноста се крие „Qualcomm Snapdragon 200“ со четири јадра и работен такт од 1,2GHz, поврзан со „Adreno 320“ графички процесор. Тука е уште и гигабајт работната меморија, 8GB интерна меморија која може да се прошири со „microSD“ картичка, батерија од 1.800mAh, 8MP задна камера и предна од 2MP.

Со оглед на тоа дека цената на овој смартфон е 167 американски долари за првите 5.000 примероци (кои веќе се распродадени), како и полната цена од 200 долари во втората недела од јули, се чини дека овој „Windows Phone“, барем на индискиот пазар е успешен.

Засега не е познато дали „Win Q900s“ ќе се најде во продажба ширум светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП