19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо доаѓањето на наредната пролет пристигнува и новата Mazdа MX-5

Со доаѓањето на наредната пролет пристигнува и новата Mazdа MX-5

New-2015-Mazda-MX-5-Miata

Се наближува пролетта 2015-та, a со самото тоа и доаѓањето на новата генерација на „Mazdа MX-5“. „Kodo“, дизајнерскиот јазик кој ја дефинираше „Mazdа 3“ и „Mazdа 6“ се очекува да биде присутен и на најпродаваниот „roadster“ во историјата, но сепак со изразени чисти, течни линии кои ја красеа генерацијата 90-96-та.

Тоа што сигурно се знае дека новиот автомобил ќе биде со помала маса поради новата алуминиумска шасија која е претставена на Салонот во Њујорк, и тоа за 100 kg. Што се однесува до димензиите, новиот модел ќе биде поблизок до оргиналната, отколку до минатата генерација.

Сепак не е познато каква ќе биде погонската единица на новата „МХ-5“. Исто така се очекува дека актуелниот 2.0 литарски „DOHC“ четирицилиндарски мотор да биде заменет со „Skyactiv“ агрегат со директно вбризгување на гориво и варијабилна работа на вентилот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП