27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOваа година Lenovo ќе го преплави пазарот со 60 телефони

Oваа година Lenovo ќе го преплави пазарот со 60 телефони

lenovo-k920

Kомпанијата „Lenovo“ ја заврши минатата година како петти најголем производител на смартфони, зад „Samsung“, „Apple“, „Huawei“ и „LG“. Најверојатно тие имаат намера да не излезат од топ пет и оваа година.

Според кинеските медиуми, „Lenovo“ во текот на оваа година ќе претстави 60 различни модели на смартфони, од кои половината од нив ќе бидат „LTE“ модел.

Од „Lenovo“ исто така најавија дека се надеваат на продажба на 80 милиони смартфони во оваа година, што е двојно повеќе во однос на минатогодишните 45 милиони примерици.

Треба да се напомене дека „Lenovo“ овде не ги смета моделите на „Motorolа“, затоа што овие две компании и покрај тоа што се заедно, тие ќе работат одвоено во секој поглед.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП