20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony Walkman го прославува 35-тиот роденден

Sony Walkman го прославува 35-тиот роденден

walkman_35_years

„Sony Walkman“ го прославува својот 35-ти роденден. Тоа значи дека овој уред е многу постар од многумина кои ја читаат оваа вест, но ги има и оние кои на почетокот на осумедесетите го користеле еден од првите преносни уреди за слушање на снимена музика.

Од кога првиот „TPS-L2“ модел е претставен во 1979-та година продадени се 220 милиони различни „Walkman“ уреди, а јапонската компанија и натаму го користи овој бренд, иако уредите се значително поразлични, но нивната примена фактички е иста.

Не би било претерано да се каже дека „Walkman“ успеа да ја прослави компанијата „Sony“, која неколку децении подоцна важеше за главно име како во индустријата на електронски уреди, така и во индустријата за забава, каде нормално се филмовите и музиката.

Во осумдесетите и деведесетите сите сакаа да поседуваат „Walkman“, исто како што денес децата и тинејџерите посакуваат да имаат смартфон. Судејќи според зборовите на самите луѓе од компанијата „Apple“, „Sony“ ја пропушти големата можност на почетокот на овој век да ја искористи лидерската позиција и уште повеќе да се зацврсти на полето на музичките уреди и дистрибуцијата на музика.

Сепак „Apple“ го искористи тоа на најдобар можен начин и со помош на „iPod“ уредите и „iTunes“ сервисот, си овозможи себеси светла иднина и продолжување на развојот со „iPhone“ и „iPad“ уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП