2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMicrosoft ги заострува мерките на безбедност

Microsoft ги заострува мерките на безбедност

mic posti

Во согласност со најавите за големиот скандал во врска со следењето на електронските комуникации од страна на „NSA“, во „Microsoft“ од почетокот на јули воведоа енкрипција на електронската пошта. Сите пораки кои се примаат и испраќаат преку нивниот сервис „Outlook.com“ ќе бидат заштитени со „TLS“ енкрипција.

Доколку и другата страна на комуникацискиот канал ја поддржува овој вид на заштита, тоа би требало да значи дека пораката во целост е криптирана од испраќачот до примателот. Покрај „TLS“ за „Outlook.com“ и „OneDrive“ од сега на корисниците ќе им нуди дополнителна безбедност на податоците со користење на „Perfect Forward Secrecy“ (PFS) енкрипцискиот код чиј клуч ќе се менува со секоја посета на некој сервис.

Од „Microsoft“ исто така напоменуваат дека во Редмонд го отвориле и својот прв центар за транспарентност со кој светските влади можат да се обратат и да го прегледаат изворниот код на нивниот софтвер. Со тоа сакаат да ги уверат сите дека во производите на „Microsoft“ не постојат т.н. „задни врати“ кои оставаат отворен пат за шпиунските агенции до корисничките податоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП