29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ10-те најмоќни автомобили на Porsche (фото)

10-те најмоќни автомобили на Porsche (фото)

por naslovna

Компанијата „Porsche“ е основана од Фердинанд Порше во 1931-ва година. Таа е позната по брзите автомобили.

Погледнете десет од најмоќните модели на компанијата во текот на годините:

10. „Cayenne Turbo“ – 500 коњски сили.

por 10

Од доаѓањето „Cayenne SUV“, ова возило беше хит на пазарот и компанијата дури направи турбо опција за оние кои бараат уште повеќе брзина. Максималната брзина е 280 км/час. Забрзува до 100 км/час за 4.4 секунди. Има 4.8-литарски, 8-цилиндричен мотор.

9. „GT3 RS 4.0“ – 500 коњски сили.

por 9

Има 3,8-литарски мотор со моќност од 500 коњски сили.

8. „Panamera Turbo“ – 520 коњски сили.

por 8

Во текот на годините компанијата претстави околу десетина варијанти на „Panamera“. Максималната брзина е 304 км/час. Користи 4-литарски V8 мотор.

7. „Cayenne Turbo S“ – 550 коњски сили.

por 7

Има 4.8-литарски двоен турбо компресор. Максималната брзина е 281 км/час.

6. „Carrera GT“ – 558 коњски сили.

por 6

Овој автомобил има несреќна слава, затоа што тоа е моделот со кој загина актерот Пол Вокер. Се произведуваше од „Porsche“ меѓу 2004-та и 2007-ма година. Вкупно се произведени 1270 примероци. Располага со 5.7-литарски V10 мотор. Максималната брзина е 329 км/час.

5. „911 Turbo S“ – 560 коњски сили.

por 5

Максималната брзина на овој автомобил е 317 км/час. Ова е еден од ретките автомобили во светот кои можат да развијат 100 км/час за помалку од три секунди.

4. „Panamera Turbo S“ – 570 коњски сили.

por 4

Има 4.8-литарски V8 мотор. Според некои тоа е најдобриот модел со четири врати во светот.

3. „911 GT2 RS“ – 620 коњски сили.

por 3

Овој модел беше објавен во мај 2010-та година. Максималната брзина е 329 км/час.

2. „911 GT1“ – 700 коњски сили.

por 2

Располага со 3.2-литарски мотор. Првично е правен за тркачки цели, но потоа е направена и верзија за на пат. Произведен е во многу лимитирана серија во 80-тите години.

1. „918 Spyder“ – 887 коњски сили.

por 1

Максималната брзина е 344 км/час. Хибридниот модел располага со два електрични мотори, плус 4.6-литарски V8 мотор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП