29 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2014: Белгија последен четвртфиналист

СП 2014: Белгија последен четвртфиналист

cds

Репрезентацијата на Белгија се пласира во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство откако по продолженија доцна синоќа ги совлада САД со 2:1.

Најзаслужен за победата на Белгијците беше Ромелу Лукаку кој асистираше во 93.минута при постигнување на првиот гол од страна на Кевин Де Брујне и се запиша во листата на стрелците во 105.минута за водство од 2:0.

Американците преку Џулијан Грин во 107.минута намалија на 2:1.

Белгија беше подобар противник и создаде повеќе шанси за гол, а „виновник“ што четвртфиналистот не беше решен уште во основните 90 минути беше голманот на САД Тим Хауард кој одлично го чуваше својот гол.

Противник на Белгија во следната фаза ќе и биде Аргентина.

Со синоќешниот дуел комплетирани се четвртфиналните двојки:

Бразил – Колумбија,
Холандија – Костарика,
Франција – Германија и
Белгија – Аргентина.

Денеска и утре е слободен ден, а возбудувањата на Мундијалот во Бразил продолжуваат в петок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП