27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПристигна Galaxy S5 Mini

Пристигна Galaxy S5 Mini

mini samsung

Компанијата „Samsung Electronics“ го претстави „Galaxy S5 mini“, компактна верзија на нивниот премиум смартфон „Galaxy S5“.

„Секогаш се стремиме да создадеме уреди кои ќе одговараат на различните вкусови и стилови на купувачите. „GALAXY S5 mini“ им овозможува на корисниците да уживаат во подобрениот дизајн и во суштинските и неопходни функции на уредот „Galaxy S5“ преку исклучително минималистички пристап“, вели генералниот директор и претставник за „IT“ и мобилни комуникации.

Опремен со „HD Super AMOLED“ екран до 4.5 инчи (720 x 1.280), „GALAXY S5 mini“ нуди живописно искуство на гледање, а неговата компактна големина на корисниците им дава дополнителна удобност со едноставно управување на уредот со една рака.

Како и „поголемиот брат“, „GALAXY S5 mini“ поседува единствена перфорирана линија на задната страна, а тука е и „IP67“ сертификатот (телефон отпорен на вода и прашина), „Ultra Power Saving Mode“, монитор за отчукување на срцето, скенер за отисок на прстот и поврзување со најновите преносни уреди на „Samsung“.

„Galaxy S5 mini“ e опремен со процесор со четири јадра од 1,4 GHz, 1.5 GB работна меморија и 16GB интерна меморија, додека камерата од осум мегапиксели создава јасни фотографии и видео снимки.

Кога оперативниот систем е во прашање, „S5 Mini“ поседува „Android 4.4 KitKat“.

„Galaxy S5 mini“ се очекува во текот на летото да биде достапен скоро на сите пазари во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП