6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДруштвената мрежа Orkut престанува со работа (видео)

Друштвената мрежа Orkut престанува со работа (видео)

orkut222

Своевидното летно чистење на стари услуги во „Google“ продолжува. Компанијата најави дека ќе го прекине постоењето на социјалната мрежа „Orkut“.

Таа беше создадена пред 10 години и е прв обид на „Google“ во социјалните мрежи. „Orkut“ е последица на проект на вработените на интернет гигантот дел од иницијативата „20 percent“, во која секој работник на компанијата е охрабруван да користи 20% од своето време за да работи на работи кои се надвор од неговата позиција, но му се интересни.

„Orkut“ ќе биде целосно затворен на 30 септември годинава. Дотогаш социјалната мрежа ќе биде оставена на автопилот, па нема да се прават промени на неа. Нема да биде можно да се регистрираат нови профили.

Корисниците ќе имаат можност да симнуваат податоци, публикации и слики преку „Google Takeout“, а оваа услуга ќе биде активна до септември 2016-та година.

„Google“ ќе направи и онлајн архива на сите пораки и разговори во „Orkut“, кои се собирани во текот на годините. Корисниците ќе имаат право да ја известат компанијата, ако не сакаат нивните имиња и/или пораки да се гледаат во архивата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП