28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИBlackphone сега се испорачува по цена од 629 долари

Blackphone сега се испорачува по цена од 629 долари

blackphone009029

„Blackphone“ e смартфонот за оние кои не се задоволни од безбедносните опции кои ги нудат „Android“, „iOS“ и други оперативни системи, но и за оние кои се подготвени да платат повеќе за дополнителна безбедност и приватност.

Овој уред сега ќе биде доставен до корисниците кои го имаат нарачано предвреме, а новите нарачки стартуваат на 14-ти јули. Смартфонот се продава по цена од 629 долари, а за оваа цена корисниците добиваат: вградена поддршка за енкриптирани гласовни и видео повици и текстуални пораки, анонимно сурфање на Интернет и „VPN“ услугата која донесува „Disconnect“ – спречување на „Wi-Fi hotspotѕ“ да ги собираат податоците; „Security Center“ – контрола за дозвола за активирање на сите апликации.

„PrivatOS“ e базиран на „Android 4.4“, па поради тоа „Blackphone“ ќе може да стартува повеќе „Android“ апликации, но корисникот има поголема контрола над информациите кои телефонот ги дели со тие апликации.

Па така овој уред е за сите оние на кои безбедноста им е на прво место, а се претпоставува дека нема многу внимание да привлече кај пошироката публика, туку повеќе кај корпоративните корисници кои не сакаат своите податоци да ги делат со компаниите, како што се „Google“, „Apple“, „Microsoft“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП