8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНови главоболки за GM!

Нови главоболки за GM!

General Motors

Како што пренесуваат светските агенции, американски „General Motors“ ќе отповика уште најмалку 7.6 милиони свои возила чиј датум на производство е до 1997-ма година, а со тоа да биде решен проблемот со погрешниот прекинувач за палење.

Најновиот отповик вклучува претежно постари автомобили од средна големина, а со тоа вкупниот број на возила кои оваа компанија годинава ги отповика ќе достигне повеќе од 28 милиони.

Компанијата соопшти дека е свесна дека меѓу повлечените автомобили има и такви кои биле вклучени во три смртни случаи, осум случаи на повредени и седум незгоди.

Од „General Motors“ соопштија дека немаат цврсти докази дали неисправните прекинувачи предизвикале судари.

Компанијата наведе дека очекува во вториот квартал трошоците во врска со повлекувањето на возилата да достигне 1.2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП