6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗPeugeot го гаси моделот 807, но и кросоверот 4008

Peugeot го гаси моделот 807, но и кросоверот 4008

Peugeot 4008 11111111

Извршниот директор на групацијата „РЅА“, Карлос Таварес, неодамна изјави дека од понудата ќе бидат исфрлени сите непрофитабилни возила. Тие критериуми ги задоволуваат „Peugeot 807 minivаn“, „207 +“, но и „4008“.

Планот на Таварес е до 2018-та година да го намали бројот на модели во понудата од 25 на 16, а до 2022-ра на само 13.

Продажбата на „minivаn“ модели во Европа во последните години е во голем пад. „Peugeot“ во првите пет месеци од оваа година испорача само 836 примероци од моделот „807“, што е 40 проценти помалку во однос на истиот период од минатата година.

И кросоверот „4008“ не успеа кај купувачите, но за неговото згаснување се уште нема официјална потврда, иако француските медиуми пишуваат дека и тоа наскоро ќе се случи.

„Peugeot“ најверојатно нема да ги произведува ниту наследниците за кабриолетите „207CC“ и „308CC“, но е потврдено дека „RCZ“ ќе добие наследник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП